Основното јавно обвинителство – Гостивар донесе наредба за спроведување истражна постапка за 62-годишен жител на село Форино, гостиварско поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело – разбојничка кражба, информираат од Јавното обвинителство.

-Осомничениот на 18 февруари, околу 10:00 часот, затечен во кражба употребил закана дека непосредно со опасно урудие ќе нападне врз друго лице со намера украдениот предмет да го задржи. Имено, тој отворил незаклучена предна врата на паркирано возило марка „ форд транзит“ и одзел 1500,00 денари кои се наоѓале внатре во возилото. Но, бил затекнат од оштетениот кој се наоѓал на задните седишта во патничкото возило, велат од Јавното обвинителство.

Дополнително, од ЈОРМ информираат дека откако оштетениот излегол од возилото, побарал од осомничениот да му ги врати парите. Во тој момент, според описот на обвинетелството осомничениот со цел да ги задржи парите, извадил нож и се заканил на оштетениот, по што побегнал со велосипед од местото на настанот.

Поради потреба од обезбедување на натамошно непречено одвивање на кривичната постапка, како и обезбедување на присуство на осомничениот, јавниот обвинител до Основниот суд Гостивар доставил Предлог за определување на мерка притвор за осомниченото лице.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/03/2020 15:38