Трговските центри Скопје Сити Мол, Рамстор Мол и Капитол Mол најавуваат дека до сега ги подржуваа сите донеси одлуки и во иднина ќе ги подржуваат сите донесени одлуки на владата на Република Македонија.
„Сакаме да ја известиме јавноста дека здравјето на граѓаните е пред се, и до донеусвање на одлука од владата за работењето на трговските центри сакаме да Ве известиме дека горенаведените трговски центри ќе работат со скратено работно време односно од 11:00 до 19:00 часот. Здравјето на граѓаните ни е на прво место и ќе ја подржиме секоја одлука на владата на Република Македонија.“- стои во соопштението.
Промената на работното време ќе остане се додека владата не донесе одлука за работа на трговските центри во државата.
Заради моменталната ситуација и потребите на граѓаните кои живеат во околните населби и град Скопје, аптеките и маркетите во трговските центри остануваат да работат со редовно работно време од 08:00 до 22:00 часот.
Новото работно време започнува од денес.