Ферари ја затвори својата фабрика во Маранело, вклучувајќи ги сите операции на Ф1, како резултат на мерките за новиот коронавирус. Италија стана главно огниште на заразата и владата донесе многу тешки одлуки. Некои бизниси имаат можност да продолжат, но автомобилската индустрија не може да продолжи заради непремостливи проблеми со снабдувањето на делови и суровини.

Во официјалното соопштение се вели дека производството во Маранело и Модена запрело веднаш до 27 март, а екипата на Ф1 престанала со работа. Персоналот ќе продолжи да работи далечински од дома, колку што е можно.

Генералниот директор Луис Камилери е благодарен на сите вработени во Ферари за нивната посветеност и подготвеност што е клучно за самата марка.

– Нашите клиенти и навивачи се исто така приоритет за нас, особено сега кога се подготвуваме за силно рестартирање, вели тој.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/03/2020 14:54