До редакцијата на Makpress.mk пристигна видео од населбата Аеродром на кое може да се види како камиони и механизација непрекинато работат во време кога на големо се спроведува кампањата #Седидома како една од мерките во борбата против ширењето на коронавирусот.
Механизацијата и камионите се лоцирани на место каде што треба да изникне нова зграда.
Станарите велат дека бучавата им предизвикува проблеми при спиењето и се жалат и дека во нормални услови, камионите и машините не треба да работат после 18:00 часот.