Почесниот претседател на Формула 1 Берни Еклстоун верува дека Флавио Бријаторе би ја завршил својата работа во Ферари поефикасно од Матија Биноото.

– Дали е Биното лидер? – Не, тој е инженер. Ним им треба човек кој навистина може да им ги пренесе своите мисли на сите. Јас би го назначил Флавио Бријаторе. Флавио би го сторил истото како во Бенетон и Рено – би ги намамил најдобрите специјалисти од другите тимови, рече Еклстоун.

Поранешниот извршен директор на Ф-1 зборуваше и за тоа како истрагата за грабежот што се случи во декември во куќата на неговата ќерка Тамара – напредува според некои извештаи, штетата изнесувала 50 милиони фунти.

– Не знаеме што точно се случило, ниту полицијата. Две лица се приведени, но тие не кажуваат ништо. Добрата вест и што можев да и објаснам на сопругата зошто не купив скап накит за неа.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2020 12:38