Женската тениска асоцијација (ВТА) ги откажа сите турнири до 2 мај поради пандемијата на новиот коронавирус. „Поради пандемија на новиот коронавирусот, нема да се одржат турнирите во Прага, во Истанбул и во Штутгарт што значи дека сезоната ќе биде под суспензија до 2 мај. Наредната недела ќе донесеме одлука за останатите турнири на земјена подлога“, се наведува во соопштението на ВТА. Според ВТА, тенисерките ќе продолжат со настапи на турнирот во Мадрид што е закажан од 2 до 9 мај.



Автор: Администратор
Објавено на: 16/03/2020 23:08