Првиот камп за млади македонски пингпонгари од предвидените шест под водство на тренерот Јоже Урх од Словенија се одржа од 26 до 30 април во Скопје.

- На кампот учествуваа 11 наши репрезентативци од различни клубови од Македонија, информираат од Македонската пинг-понг федерација.

Дел од нив, Моника Стајковска, Матеја Смолиќ, Фани Јованоска, Дарко Китановски, Мартин Ристески и Кристијан Каламадевски, веднаш по завршувањето на кампот отпатуваа за Сараево каде ќе учествуваат на турнирот „European Youth Series 2024 BIH“ од 1 до 3 мај во поединечна категорија и во категорија на двојки.

Во престолнината на Босна и Херцеговина, македонската репрезентација ќе биде предводена од селекторот Милош Миленковиќ



Автор: Администратор
Објавено на: 01/05/2024 17:41