Општина Бутел, во изминатиов перод работеше на нацрт платформа за електронска настава, откако Владата донесе мерки за затварање на училиштата како дел од мерките за заштита од ширење на корона вирусот.
Имено, денеска Градоначалнкот на Општина Бутел се состана со директорите и стручната служба во училиштата, каде заедно со Секторот за ИТ ја презентираше нацрт платформата за е-настава на основците, која спаѓа во неформално образование.
Училишатат ќе креираат своја корисничка сметка на платформата, вклучувајќи повици во живо, што ќе им овозможи на наставниците да ги контактираат и да го прикачуваат целиот материјал согласно наставните програми за учениците.
Целата на оваа платформа е да се надомести изгубениот наставен материјал кој ќе се спроведе преку креативен начин.