Поранешниот прв рекет на светот Борис Бекер го коментираше продолжението на кариерата на Енди Мареј. Тој смета дека за Британецот е многу важно да игра на Вимблдон, исто тоа важи и за смиот Грен слем турнир.

– Нема ништо полошо од спортист кој не може да се натпреварува заради повреди. И јас имав такво искуство. Се надевам дека Енди ќе може да се врати на терените уште неколку години. Мислам дека него му е потребен Вимблдон, а на Вимблдон му треба Мареј. Секогаш е одлично кога локалните навивачи го имаат својот фаворит – и како одличен шампион на Вимблдон Енди значи многу на турнирот, изјави Бекер.

Мареј е победник на Вимблдон во 2013 и 2016 година. Последните две години се соочува со хронична повреда на колкот, поради која најави крај на кариерата.



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2020 11:09