Во текот на вчерашниот ден градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, одржа координативен состанок во врска со состојбата со коронавирусот и превентивните мерки што ги презема Општината согласно со препораките на Министерството за здравство. Притоа беа донесени следниве заклучоци:

• Воведување телефонска линија со бројот 070/297-140 на кој граѓаните ќе можат да побараат помош за набавка и достава на прехранбени производи и лекови. На истиот број е достапна и комуникација преку Вибер и Вацап.

• Во соработка со Црвен крст формирање тимови за помош и поддршка на стари и изнемоштени лица, лица со попреченост и лица што се наоѓаат во самоизолација, за набавка на храна, средства за хигиена и снабдување со лекови.

• Прскање на сите автобуски постојки, детски игралишта, спортски игралишта, рачките на контенерите со средство за дезинфекција.

• Им се препорачува на управителите на станбените згради да почнат со дезинфекција на заедничките простории и лифтови на сите станбени згради на територија на Општина Аеродром.

• Во целост да се почитуваат заклучоците, мерките и препораките од Комисијата за заразни болеси при Министерство за здравство и Владата на Република Северна Македонија.

Здравјето на граѓаните на прво место!



Автор: Администратор
Објавено на: 17/03/2020 12:33