Извршниот директор на Формула 1, Чејс Кери им се обрати на љубителите на тркачката серија во врска со суспензијата на сезоната 2020 поради пандемијата со коронавирус.
– Како прво, наш приоритет е здравјето и безбедноста на сите навивачи, членови на тимови и службени лица кои учествуват Формула 1. Им се извинуваме на навивачите кои беа погодени од укинувањето на Гран-при на Австралија и одложувањето на други трки. Овие одлуки ги донесува Формула 1, Меѓународната автомобилска федерација и организаторите под брзо менување на околностите.
Ние разбираме дека сите сакаат да знаат што ќе се случи со Формула 1 во 2020 година. Сега, со оглед на ситуацијата, не можеме да дадеме специфичен одговор, сепак ќе ја започнеме сезоната веднаш штом ќе стане возможно од безбедносен аспект. Секојдневно комуницираме со службени лица и експерти, оценувајќи ги можните активности во наредните месеци, изјави Кери.
Трката за Големата награда на Австралија со која требаше да почне новата Ф1 сезона, беше одложена минатиот викенд. з