Шестиот рекет на светот, Стефанос Циципас внимавал додека патувал за време на пандемијата со коронавирус.

– Неодамна, гледам многу коментари и загрижености за моето здравје и безбедност, предизвикани од фактот дека патував во последните неколку недели. Сакам сите да знаете дека здравјето е најважно за мене, затоа се обидов да потрошам што е можно повеќе време во затворен простор. Ве уверувам дека за време на моите патувања ги преземав сите неопходни мерки за да се заштитам и да ги минимизирам контактите, се обидов да се изолирам што е можно подобро, изјави Циципас.

Сепак, јас сум спортист и важно ми е да останам активен. Треба да излезам да тренирам и да се грижам за телото кога има безбедна можност за ова, вели грчкиот тенисер.

Тој апелира до сите да бидат внимателни.

– Сфаќам дека секој има улога да го победиме вирусот за да можеме да го преживееме овој тежок период што е можно побрзо. Грижете се за себе, порачува Циципас.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 11:52