Општина Карпош спроведува темелна, вонредна дезинфекција на сите основни училишта и детски градинки на своја територија, информираат од Одделението за односи со јавност на Општина Карпош.

Претходно, како што известуваат од оваа општина во февруари редовно беа дезинфицирани воспитно – образовните установи, а сега, како резултат на пандемијата на Covid – 19 (коронавирус), вонредно се дезинфицираат овие установи.

-Се користи посебно, специјализирано средство кое ги отстранува штетните честички од површините. Локалната самоуправа секојдневно ги чисти и јавните површини, платоа, плоштади и локални улици во Карпош. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат препораките за заштита од коронавирус, велат од Општина Карпош.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 13:41