Без струја утре ќе останат делови од општините Карпош и Сопиште.

Како што соопшти РЦУК, по претходно добиено известување од ЕВН Македонија АД утре без електрична енергија ќе останат во периодот од 9 до 11 часот, дел од корисниците од улица Варшавска – објекти лоцирани позади ресторан Скара Бар во Општина Карпош, како и објектите на студентскиот дом „Гоце Делчев“ во периодот од 9 до 14 часот.

Од 9 до 15 часот утре без струја ќе останат дел од корисниците од село Добри Дол во Општина Сопиште.



Автор: Администратор
Објавено на: 19/03/2020 13:47