Општина Бутел, утре Петок 20.03.2020 во 11:00 пред општинската зграда, ќе изврши примопредавање на две ( 2 ) трактор-косилки дообиени по грантот за успешност од Светска Банка, каде изјава за медуми ќе даде Градончаликот Велимир Смилевски.
Општина Бутел преку успешна апликација за користење на средства согласно Грантот за успешност во склоп на Проектот за подобрување на општинските услуги, набави две моторни косилки за трева во вредност од 520.000,00 МКД, со што значително ќе се подобри одржувањето на зелените површини во општина Бутел, како и зголемување на нивната достапност и користење од страна на жителите во општината.
На овој начин ќе се зголеми ефикасноста на Одделението за комунални работи при испорачувањето на општинските услуги во однос на квалитетот на јавните зелени површини во општина Бутел.