Фондацијата „Претпримачки сервис за млади“ (ПСМ) организира бесплатни онлајн курсеви за претприменичка култура и деловна етика наменети за млади лица.

– Слободното време може да се искористи за едукација, порачуваат од Фондацијата ПСМ.

Во рамки на курсот се обработуваат различни фази од претприемачкиот процес, како што се дефинирање на бизнис модел, монетизација, управување со мал бизнис и стратегии за подобрување на перформансите.

Наставната програма на курсот е составена од шест модули: Бизнис идеи и можности, Од идеја до стартап компанија, Стратегии за раст, Финансирање и профитабилност, Управување со одговорноста и Деловна етика

Секој од модулите е составен од е-книга, презентација и видео лекција за полесно и побрзо учење. Секој модул содржи пет лекции каде по секоја лекција можете да го проверите вашето знаење преку онлајн тест. Сите заинтересирани лица можат да го следат курсот преку креирање на кориснички профил на онлајн платформа.

Онлајн курсот е дел од проектот БалканМед ИННОВА во чии рамки е креирана веб-школата за претприемништво и доживотно учење.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 11:54