Изминатава недела Општина Бутел ги вклучи сите свои ресурси во спречувањето на ширењето на коронавирусот, информираат од оваа скопска општина.

– Заедно со сите општествено одговорни компании кои гравитираат на локалниот пазар, беа дезинфицирани маркетите и тезгите на Скопски пазар . Во оваа активност Општина Бутел учествуваше со човечки ресурси и пумпи, а компаниите со средства за дезинфицирање. Се изврши и дезинфекција на фреквентните сообраќајници и урбаната опрема во населбата Радишани, с. Радишани, Скопје – Север и Бутел 1, информираат од Општина Бутел.

Дезинфекцијата на јавните површини и урбаната опрема, од Општина Бутел најавуваат дека продолжува и во наредните денови.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/03/2020 15:12