Формула 1 почна со организација на виртуелни трки како замена за одложените или откажани трки во оваа сезона што требаше да стартува викендот со ГН на Австралија. Како што е соопштенено, предлогот на Формула 1 го прифатиле бројни возачи, па првата онлајн трка е во недела кога ќе се „вози“ ГН на Бахреин. Стартот на сезоната е одложен поради пандемијата на коронавирус во светот и според најоптимистичкото сценарио ќе почне на почне на почетокот на јуни. Покрај трката во Австралија, откажана е, исто така, и ГН на Монако која требаше да се вози на 24 мај, додека одложени се трките во Бахреин, Виетнам, Кина, Шпанија и Холандија.