Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз ги сподели своите размислувања пред натпреварот против Србинот Новак Ѓоковиќ во четвртфиналето на Австралија Опен во 2025 година.

- Се трудам да не размислувам за неговите резултати. Ако го превртам во мојата глава сè што правеше во тенисот, нема да можам да играм. Мислам на неговите 24 Грен слем титули, најмногу недели поминати како светски рекет број еден, тој го собори речиси секој рекорд. Се обидувам да се фокусирам само на тоа да го победам. Ги знам моите сили, знам дека можам да играм добро против него, можам да го победам, па само на тоа размислувам. Сите играчи така размислуваат кога ќе се сретнат со Новак, изјави шпанскиот тенисер за „Sportskeeda“.

Во четвртото коло Алкараз се сретна со Британецот Џек Дрејпер, кој се повлече по поразот во првите два сета (5:7, 1:6).

Во оваа фаза Ѓоковиќ го совлада Чехот Јиржи Легечка со резултат 6:3, 6:4, 7:6 (7:4).



Автор: Администратор
Објавено на: 20/01/2025 04:15