Рафаел Надал ги искористи социјалните медиуми за да испрати порака до секој кој во моментов се бори со коронавирусот.

Триесет и три годишниот освојувач на 19 Гренд слем титули, им се заблагодари на сите во првите редови во оваа битка и вдахна храброст на оние што страдаат од оваа болест.

„Прво, сакам да се извинам затоа што некое време сум далеку од социјалните медиуми, но ова се тешки времиња за секого. Целата оваа ситуација нè плени и сите ние сме посветени на каузата на најдобар можен начин од нашите домови.

Би сакал да испратам порака до сите лекари, медицински сестри и здравствени работници кои нè штитат, како и до полицијата, цивилната и националната безбедност, војската и сите оние што не прават да се чувствуваме малку побезбедни кои се на фронтот. На крајот на краиштата, тие се оние кои се под најголем ризик од добивање на вирусот, тие се наши херои. Сакам да го изразам восхитот и ви благодарам на сите.

Конечно, сакам да ги охрабрам сите семејства кои страдаат – оние кои се заразени, а особено оние со роднини и пријатели кои починале од коронавирусот. Имајте храброст. Тешко е да се каже нешто во овие тешки времиња. Само можам да кажам дека на сите ни е многу жал и веруваме во овој момент дека ќе можеме да одиме напред што е можно поскоро.

Исто така, постојат позитивни работи што треба да се направат во овие тешки времиња. Покажуваме дека сме обединети, многу компании се поддржуваат едни со други, а секој ден, сите граѓани покажуваат дека се обединети следејќи ги стандардите, кон кои ни се советува да се придржуваме: останете дома и следете ги сите препораките за да се стави крај на тоа на оваа ужасна пандемија што е можно поскоро“, вели Рафа.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/03/2020 15:14