Девојчето (15) кое беше тешко повредено во земјотресот што вчера го погоди Загреб, почина денеска, изјави директорот на Клиниката за детски болести во „Клаичева“, Горан Роиќ.

– И покрај сите напори на лекарите, девојчето им подлегна на тешките повреди, рече Роиќ.

Девојчето беше повредено во земјотресот на улицата „Ѓорѓичева’ во Загреб.

Во земјотресот се повредени 27 лица.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/03/2020 20:22