Град Скопје, интензивно се работи на проширување на влезот за возилата на Брза помош во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, пишува на својот Фејсбук профил, градоначлникот Петре Шилегов. Според описот на работите што се изведуваат, Шилегов пишува дека денеска се отстрануваат остатоци од корења на тротоарите и се ослободува просторот.
Водно тој во овој пост објаснува дека Град Скопје го помага Министерството за здравство преку проширување на влезот во Клиничкиот центар за возилата на брзата помош и изградба на посебен влез кон Инфективната клиника, во насока на подобрување на пристапноста до клиничкиот центар „Мајка Тереза“.