Браќата Дејан и Аљоша Недеви започнаа да одржуваат карате тренинзи онлајн за сите каратисти членови на карате клубовите: Работнички, Скопје, Браќа Јорга, Фудокан, Фудо, Ипон, Нишијама и Први Партизан сите од Скопје.

– Тренинзите се одвиваат секој ден преку посебна онлајн платформа се со цел каратистите да останат активни, здрави и во форма за време на пандемијата на коронавирус, соопштија од Македонската традиционална карате федерација.

Сите домашни и меѓународни карате настани се одложени на неодредено време, а онлајн тренизите ќе се одржуваат редовно секој ден се до завршување на светската здравствена криза.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 10:33