Обвинителството на Истанбул подигна обвиненија против 20 лица осомничени поради убиството на саудискиот новинар Џамал Кашоги во октомври 2018 година.

Против 18 Саудијци покренато е обвинение за „убиство со предумисла“, а двајца се обвинети за „потикнување на убиство“.

Двајцата обвинети за „поттикнување на убиство“ се Сауд ал Кахтани, советник на саудискиот престолонаследник Мохамед бин Салман и поранешниот прв човек на саудиското разузнавање генерал Ахмед ал Асири . Другите 18 лица се обвинети за извршување на убиството на Кашоги.

На 2 октомври 2018 година Кашоги влезе во Амбасадата на Саудиска Арабија во Истанбул и оттогаш му се губи секаква трага. Тој беше познат критичар на саудиската власт. На 20 октомври официјален Ријад призна дека новинарот е убиен во Амбасадата.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 12:11