Командантот на воената морнарица на Црна Гора, Веско Томановиќ е испратен во карантин откако ја прекршил мерката за домашна самоизолација.

– Полицијата во Бар го привела Томановиќ поради кршење на привремената мерка за домашна самоизолација, објави подгоричкиот дневен весник „Вијести“.

Црногорската полиција исто така објави дека е поднесена кривична пријава против Томановиќ.

Полицијата соопшти дека ќе ги спроведува мерки на надлежните институции без исклучок.



Автор: Администратор
Објавено на: 25/03/2020 13:56