Одлуката за тоа дали и кога ќе се одржи тенискиот Грен слем во Лондон, ќе биде донесена следната недела на состанокот на главниот совет на турнирот.

Британските медиуми шпекулираат дека Вимблдон ќе се игра без публика.

Неофицијалното светско тениско првенство на трева оваа година е предвидено да се одржи од 29 јуни до 12 јули.

Претходно, здруженијата на тенисерите и тенисерките АТП и ВТА ги откажаа сите турнири до 7 јуни поради коронавирус.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2020 10:21