Позната по своите бројни гледачи, најголемата велосипедска трка во светот – Тур де Франс можеби оваа година ќе се одржи без публика, изјави француската министерка за спорт, Роксана Марачинеану, јави дописникот на МИА.

Владата е во разговори со АСО, организаторот на трката, за судбината на најпрестижната од големите велосипедски трки. По одложувањето на Олимписките игри и Европското првенство во фудбал, спортот, вклучително и велосипедизмот , е речиси целосно во прекин.

Трката без публика, би била прва во нејзината повеќе од еден век долга историја.



Автор: Администратор
Објавено на: 26/03/2020 16:40