Новак и Јелена Ѓоковиќ донираа еден милион евра за помош на Србија во борбата против новиот коронавирус, а парите ќе бидат наменети за набавка на респиратори.

Најдобриот светски тенисер им се обрати онлајн на своите обожаватели од Марбеља, каде моментно се наоѓа во изолација.

Тој им изрази благодарност и го поздрави медицинскиот персонал во Србија, „кој се бори за здравјето на луѓето и се труди на секаков начин да им помогне на пациентите заразени со коронавирусот“.

– Нашата донација од еден милион евра е за набавка на респиратори и дополнителна медицинска опрема. Респираторите моментно се најпотребни за спасување на животите, истакна Ѓоковиќ.

Бројни спортисти низ светот деновиве донираат големи суми на пари за да помогнат во борбата против Ковид-19.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/03/2020 21:37