Екипите на Локомотив од Новосибирск во машка конкуренција и на Динамо од Казањ во женска конкуренција се нови руски шампиони во одбојка за сезоната 2019/20.
Пандемијата на коронавирус ги запре натпреварите во обете конкуренции во Русија, а денеска е донесена одлука за крај на сезоната и прогласување на најдобрите екипи според пласманот на табелата во моментот на прекин.
До прекинот, заврши регуларниот дел на сезоната во Русија и почна плејофот, меѓутоа титулата, сепак, е доделена на првопласираните екипи.