На подрачјето на Секторот за внатрешни работи-Струмица синоќа 31 граѓани ги прекршиле прописите и наредбите предвидени од страна на Владата и Mинистерството за здравство за време на епидемија, односно ги прекршиле предвидените забрани за движење во определен период, информираа денеска од полицијата.
Како што информираат од СВР-Струмица четиринаесет од овие лица се затекнати на подрачјето на полициската станица Струмица, десет на подрачјето на Радовиш, шест во Гевгелија и едно лице на подрачјето на Валандово.
Во просториите на полициските станици биле приведени 15 лица.