Трансферот на Летните олимписки игри во Токио од оваа за следната година ќе ја чини економијата на Јапонија 5,8 милијарди долари.

Олимписките игри требаше да се одржат од 24 јули до 9 август 2020 година, но поради пандемијата на коронавирус, тие беа одложени до 2021 година.

Во 2013 година, кога главниот град на Јапонија беше избран за Олимпијадата во 2020 година, беше проценето дека Игрите ќе чинат околу 6,6 милијарди долари, но до крајот на 2019 година, вкупните трошоци скоро двојно се зголемија и достигнаа 12,3 милијарди долари.

Организацискиот комитет инвестираше 5,51 милијарди долари на Олимпијадата. Властите во Токио се најдоа на второто место во однос на трошоците, трошејќи само 5 милиони долари помалку од организациониот комитет. Централната влада на Јапонија одвои 1,37 милијарди долари.

Трансферот на Игрите погоди и 11.000 спортисти и 4.400 параолимписки спортисти. Многумина од нив тренираа неколку недели во земји кои сега имаат затворени граници. Нивните трошоци за подготовка на Олимпијадата во висина од 3,56 милијарди американски долари, исто така, се припишуваат на загуби. Исто така загуби има и од договори за спонзорство и рекламирање. Тие се во висина од 4,4 милијарди долари.

Се очекува Олимпијадата да има долгорочно економско влијание врз Јапонија, со што ќе се генерираат приходи од над 2 милијарди долари, главно од туризмот, развојот на инфраструктурата на Токио и континуираната употреба на нови објекти.

Проектираните трошоци за одржување, санирање, управување со стадионите и Олимпиското село ќе бидат околу 210 милиони американски долари, а трошоците за односи со јавноста и комуникација ќе бидат 91 милиони долари.

Јапонскиот бизнис имаше значителен удел во буџетот на Олимпијадата во Токио. Паричните спонзорства изнесуваа 3,18 милијарди долари, што е рекорд. Олимписките игри во Лондон 2012 година и Игрите во Рио де Жанеиро во 2016 година собраа три пати помалку пари од локалните спонзори.

Оваа бројка не вклучува партнерства со гигантските компании „Панасоник“, „Тојота“ и „Бриџстоун“ имаат ексклузивни договори со Интернационалиот олимписки комитет вредни стотици милиони долари.

Компанијата за радиодифузија „NBC“ постави рекорд со продажба на реклами во вредност од повеќе од 1,25 милијарди долари пред Олимпијадата во 2020 година. Иако компанијата беше осигурана, одложувањето на Олимпијадата во Токио ќе ги чини загуба на профит од реклами. За време на Рио 2016 година, „NBC“ заработи околу 250 милиони долари рекламирање.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/03/2020 20:13