Поранешниот прв светски рекет Амели Моресмо повика на завршување на сезоната 2020, запрена поради коронавирус.

– Мислам дека е време да се повлече линија под сезоната. Во меѓународните турнири се вклучени играчи од различни националности, како и вработени и гледачи од целиот свет. Без нив не може да има турнири. Затоа, нема вакцина – нема тенис “, изјави Морезмо.

На прашањето „Без вакцина – нема живот?“, француската тенисерка одговори:

– Во моментот, тоа е така.

Морезмо беше првата жена која стана тренер на водечки тенисер на АТП ранг листата, а тоа беше Енди Мареј.



Автор: Администратор
Објавено на: 31/03/2020 17:26