Глумицата Анѓелка Прпиќ, нам позната по српската хумористична серија „Андреја и Анѓелка“, како и епизодната улога во „Преспав“, во ова време на изолација, од својот дом направи интернет-музеј.

Со тоа, како што самата вели, сакала да го исполни времето и на своето семејство, и на своите обожаватели. Поставката е инспирирана од татко ѝ Владимир Прпиќ, кој се занимава со уметност, а себеси се нарекува „наивниот уметник“.

Проектот е насловен „Наивниот дедо”, а пак, „кустос“ на изложбата е нејзиниот син првоодделенец Јакша оти тој минува најмногу време со својот дедо.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 00:38