Откако се изврши дезинфекција на влезовите на колективните згради во населбите Стар Чаир и Топанско Поле, денес овој витален процес за здравјето на граѓаните, Општина Чаир го продолжи и низ: -зградите на ул. Џон Кенеди, -зградите во населбите Серава, Гази Баба, Саат Кула, Дуќанџик -колективните згради во зоната на Бит Пазар во близина на Трговскиот Центар “Мавровка“.

Со ова се заокружи преземената акција коja опфати дезинфекција на вкупно 162 влеза на колективните згради на територија на Општина Чаир.

Со почит, Служба за информирање - Општина Чаир



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 19:54