Поранешниот светски рекордер во маратон, Вилсон Кипсанг Кипротич е уапсен за време на полициски час во Кенија. Атлетскиот маратонец бил меѓу 20. уапсени лица во еден ноќен клуб во Кенија, а сите се приведени бидејќи се забавувале и консумирале алкохол за време на полициски час. Кениските власти прогласија вонредна состојба поради пандемија на коронавирусот, а мерката за забрана на движењето трае од седум часот наутро до 17 часот попладне. Кипротич е уапсен во гратчето Итена во кое тренираат кениските атлетичари на долги патеки. Тој е под суспензија бидејќи е обвинет за уништување на примероци за допинг тестови. Инаку работи како полициски службеник, а на летните Олимписки игри во Лондон во 2012 година се закити со бронзен медал.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/04/2020 20:07