Три лица ја прекршиле одлуката за ограничено движење во тетовскиот регион за 24 часа од 7:00 часот на 5 април до 7:00 часот денеска, информира од СВР Тетово.

Од 21 март кога е воведен полицискиот час вкупно 95 лица се евидентирани за непочитување на ограничетото движење.

– Tројцата се лишени од слобода и задржани за расчистување и документирање на случаите, по што ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци по член 206 од Кривичниот законик, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

Полицијата бележи дека има 10 лица со потпишани изјави за самоизолација, како и 122 луѓе со решенија за изолација, издадени од Државниот здравствен и санитарен инспекторат.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2020 12:46