Основното јавно обвинителство Велес поднесе предлози за издавање казнени налози против осум лица кои го сториле кривичното дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија, информираат од Јавното обвинителство.
-Обвинетите во текот на викендот на 28 и 29.03.2020 година постапиле спротивно на Одлуката за забрана и посебен режин на движење од 21 до 5 часот наредниот ден, на територијата на Република Северна Македонија, донесена од Владата на РСМ. Во наведениот временски период, обвинетите во одделни кривично правни настани, со патнички автомобил или пеш се движеле по улиците на Велес што е констатирано од полициски службеници на СВР Велес, соопштија од обвинителство.
Предложено е на обвинетите да им се изречат парични казни од по 40 дневни глоби во вредност од по 20 евра односно, вкупно по 800 евра во денарска противвредност.