Наставниците по физичко образование од основните училишта од Општина Аеродром активно се вклучија во онлајн наставата. Тие за своите ученици подготвуваат видеовежби во домашни услови.

– Со оглед на новонастаната состојба со ширењето на коронавирусот, наставата во основните училишта во Општина Аеродром по сите предмети се изведува непречено преку далечинско учење, односно учење од дома. Притоа се користат различни форми и методи на учење и комуникација со помош на разни дигитални алатки, е-платформи и слично, соопштија од Општината.



Автор: Администратор
Објавено на: 06/04/2020 16:07