Комуналните служби на Општина Карпош денеска ја почнаа третата акција за дезинфекција на зградите со повеќе од осум домаќинства, како дел од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот.
Од Општина Карпош информираат дека се дезинфицираат влезните врати и делови од згради на влезовите, гелендерот, сандачињата и лифтовите.
– Дезинфекцијата се врши со посебно средство наменето за чистење на јавни површини. Не е возможно хигиеничарите да бидат забележани од сите граѓани, но акцијата се спроведува етапно во сите населби, посочуваат од прес-службата на општината.
Оттаму ги повикуваат заедниците на сопственици, куќни совети, да продолжат и со секојдневното, тековно одржување на хигиена во влезот.
– Дезинфекцијата која се врши преку локалната самоуправа е само дополнителна поддршка за спречување на ширење на коронавирусот. Сите сме одговорни за јавното здравје, се вечи во соопштението од општината.