Заради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа утре без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците од Општина Кисела Вода, соопштуваат од РСЦУК – Скопје.

Во периодот од 09:00 до 15:00 часот без струја ќе останат корисниците од улицата „Пејо Јаворов“ и дел од улицата „Милан Мијалковиќ“, Општина Кисела Вода.

Во периодот од 09:00 до 14:00 часот без струја ќе останат корисниците од улиците „Димитар Мирачиев“, „Трајко Иванов“ и „Ефтим Спространов“, Општина Кисела Вода.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 17:45