Во контекст на правилно спроведување на мерките и препораките за заштита, превенција и спречување на ширење на корона вирусот Ковид-19, Општина Кисела Вода обезбеди мобилен тим кој ќе им помага на ранливите категории граѓани за време на викендот.

– Имено, в сабота и недела, во периодот од 09:00 до 13:00 часот, лицата со попреченост/инвалидност, лицата во самоизолација, повозрасните лица, и сите останати жители со одредени хронични болести, кои имаат неопходна потреба од некаква помош како набавка и достава на прехранбени производи, лекови и средства за лична хигиена, можат да се јават на телефонскиот број 072/314-976. Услугата е обезбедена од страна на Општина Кисела Вода и доставата ќе биде бесплатна, соопштуваат од прес-службата на Општина Кисела Вода.

Воедно, оттаму информираат дека за време на викендот, дежурна аптека ќе биде аптеката "Зегин"- Драчево 1, лоцирана на ул. Димитрија Чуповски бр. 68 во населбата Драчево. Телефонскиот број на ова аптека е 078/478-204. Истата ќе биде отворена од 07:30 до 15:00 часот.

Информираат дека и општината работи со изменето работно време-од понеделник до петок, од 08:00 часот до 13:00 часот.

Оттаму апелираат до граѓаните за совесно однесување и доследно почитување на владините препораки.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/04/2020 17:46