Францускиот министер за финансии, Бруно Ле Мер смета дека неуспехот на Еврогрупата да пронајде заедничка и амбициозна економска реакција на кризата со коронавирусот, би била „незамислива“ и се надева дека земјите од еврозоната ќе најдат договор во четврток, јави дописникот на МИА.

-Нашата колективна одговорност сега е да постигнеме договор во рок од 24 часа. Неуспехот е незамислив, изјави тој по Советот на министрите и по неуспехот на „долгата и тешка“ средба на Еврогрупата која траеше цела ноќ, без притоа тој да посочи одговорен за неуспехот.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/04/2020 01:04