Поради пандемијата од коронавирус, годинава нема да има Вимблдон и љубителите на тенисот нема да можат да аплаудираат на своите миленици во Лондон, но организаторите им се обратија на милиони фанови на аристократскиот спорт со порака во поддршка на сите што се борат со подмолното заболување во моментов.

Годинава нема да има победник на Вимблдон, но вистинските шампиони денес се многу и тоа се луѓето кои спасуваат животи. Интересно е што Вимблдон ја пренесува оваа порака со гласот на Роџер Федерер, најуспешниот играч во историјата на Гренд-слем турнирот во Лондон, кој е во улога на нараторот.

– Фановите на Вимблдон уживаат во Шампионатот од 1987 година. Луѓето гледаат на секаков тип екрани во сите часови од денот. И во текот на ноќта. Тие доаѓаат од далеку и застануваат во редици. И навечер. За жал, ова лето, мора да се обединиме, со тоа што ќе останеме разаделени. Нема да има шатори, нема скршени рекорди или гравирани трофеи. Но додека велиме „благодарам“ за вашата страст и поддршка, се потсетуваме дека ќе се појават безброј други шампиони. Медицинските работници на фронтот се борат за нас, и ние навиваме за нив.Сега играта е прекината, но ние сме обединети со надеж дека утре ќе биде подобар ден од денес, вели 8-кратниот шампион на Вимблдон за нешто повеќе од една минута видео.



Автор: Администратор
Објавено на: 10/04/2020 16:36