Општина Кисела Вода соопшти дека за време на продолжениот полицискиот час викендов, на нејзина територија ќе работат неколку деловни субјекти за достава на храна и лекови, кои претходно аплицирале на Јавниот повик на локалната самоуправа.
-За онлајн работа за достава на неопходни прехранбени намирници во сабота и недела, достапни ќе бидат следните локални продавници, маркети, ресторани и аптеки кои ќе вршат достава на продукти: ТИНЕКС-МТ на мејл адресата www.e-tinex.mk, ТДППУ Веропулос на броевите 075-499-782, 075-488-129, ТП Гоги на броевите 02-2763-094, 02/2779094 и мејл адресата kioscigogi@yahoo.com, Ледо Компани со телефонските броеви 078-268-838, 070-866-776, Трежр на бројот 074-242-444,и мејл адресата naracki@donesi.be , соопшти Општината.