Во колумна објавена во „Ле Журнал ди Диманш“ деветнаесет претседатели на департмани од редовите на Социјалистичката партија, се со став дека воведувањето универзален основен приход „би ги сменило стандардите на човечката солидарност“, претставен како прагматична алатка за борба против сиромаштијата во контекст на епидемијата на коронавирусот, јави дописникот на МИА.
– Додека здравствената криза со Ковид-19 се развива секој ден во глобална економска криза, туркајќи ги нашите системи на солидарност до крајни граници, основните приходи се појавуваат како решение за ублажување на социјалниот шок што ризикува да се наведат многу наши сограѓани во несигурност, пишуваат тие во колумната објавена во весникот.
„Како што со право рече претседателот на Републиката на 12 март, новите решенија сега се неопходни. Ова решение за солидарност ќе ги смени стандардите на човечката солидарност за да ја врати довербата на францускиот народ во системот создаден за да им обезбеди истовремено безбедност на постоењето и алатки за нивната автономија“, додаваат тие.
Во Франција, каде четвртина од работниците во приватниот сектор се веќе делумно невработени (осум милиони), министерот за економија, Бруно Ле Мер , во моментов предвидува пад на БДП од 6 отсто во 2020 година.