Италијанската влада нареди мигрантите кои се наоѓаат на бродот во близина на брегот на Сицилија да бидат префрлени на друг брод за да бидат тестирани за вирусот Ковид-19, наместо да им се дозволи да се симнат.

Министерството за сообраќај соопшти дека оние кои се наоѓаат на бродот ќе бидат префрлени на друг брод за да бидат набљудувани од здравствените власти. Тој брод ќе биде целосно во карантин.

Италијанската Влада оваа недела ги затвори пристаништата за бродовите на хуманитарните организации за време на вонредната состојба поради новиот коронавирус, а мерката ќе биде на сила до 31 јули.

Министерството соопшти дека дозволата на мигрантите да се примаат претставува оптоврување на веќе оптоварениот здравствен систем на Сицилија.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 21:27