Уште 103 членови од екипаж на американскиот носач на авиони „Теодор Рузвелт“ се позитивни на коронавирусот, со што вкупниот број на заразени достигна 550, соопшти американската морнарица.
Во соопштение од морнарицата се нагласува дека досега се тестирани 92 проценти од екипажот на носачот на авиони.
Позитивни за вирусот се 550, а 3.673 се негативни. На копно се испратени 3.673 членови од екипажот.