Русинката Анастасија Пављученкова изрази сомнеж во врска со прогнозите дека тениската сезона ќе продолжи.

– Не е познато што ќе се случи оваа сезона и дали ќе играме воопшто оваа година. Јас сум член на советот на играчи на ВТА, комуницирам не само со играчите, туку и со тениските функционери. И навистина имам сомнежи за оваа сезона. Иако во моментот никој конкретно не може да каже што и како ќе биде, изјави Пављученкова.

Тениската сезона е прекината поради пандемијата на коронавирус до 7 јуни.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2020 23:46