По неколкуте раскинувања и конечната разделба со супермоделот Стела Максвел, глумицата Кристин Стјуарт, се чини, има нова девојка.

Имено, по повод 30-от роденден на ѕвездата на „Самрак“ (Twilight), прославен во изолација, сценаристката Дилан Мејер викендов објави заедничка фотографија со неа.

„Нашиот престој на земјата е кус. Поминете го заедно со некој што ве инспирира да бидете најдобри и најогнени“, напиша Мејер под сликата на Инстаграм.

Со тоа, најверојатно се потврдија гласините за новата холивудска двојка.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 22:49