Комуналните служби на Општина Аеродром – „Комунална хигиена“ и „Паркови и зеленило“ непречено и посветено си ги извршуваат своите работни задачи, и покрај вонредните услови.

– Деновиве почнаа со пролетно косење на тревата и одржување на зеленилото на повеќе локации низ општината, информираат од општинската прес-служба.

Покрај косењето, во Општина Аеродром се врши и редовна дезинфекција и чистење на јавните површини.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/04/2020 23:09